Достапни линкови

Балкански барометар: граѓаните веруваат во регионланата соработка


Илустрација - Самитот за Западен Балкан во Познањ.

Околу 76 отсто од граѓаните и 67 просенти од стопанските субјекти вверуваат во насока на јакнење на регионалната соработка, покажуваат податоците од истражувањето на јавното мислење „Балкански барометар 2019 година.“

Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу претставувајќи го истражувањето на Самитот за Западен Балкан во Познањ рече дека најновиот успех со намалувањето на цените на роамингот од 1 јули годинава, станува модел на соработка што дава конкретни резултати и кој треба да се користи и во иднина.

Сличен модел е применлив и во евроинтеграцијата, вели Брегу, но истакна дека не е се така добро бидејќи податоците покажуваат дека 60 отсто од граѓаните се загрижени за невработеноста, а се повеќе за корупцијата и одливот на мозоци, што веројатно е причина зошто 39 отсто од испитаниците размислуваат за заминување во странство.

XS
SM
MD
LG