Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската дипломатија три месеци без здравствено осигурување


Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска изјави дека припадниците на македонската дипломатија три месеци се без здравствено осигурување.

„Трет месец, македонските дипломати, амбасадорите, целата дипломатија, службите, вработените во ДКП-ата, не им се покрива здравственото осигурување. Замислете, македонската дипломатија и вработените во МНР, кои што се државни службеници, администрација, повеќе месеци земаат плата од државата, од буџетот, ама немаат здравствено осигурување“, рече Стоилковски на денешна прес-конференција.

Тој воедно порача дека се работи за огромен скандал кој ги отвора прашањата- Како може да се дели плата, а вработените да немаат здравствено осигурување и каде е Синдикатот на МНР да реагира за случајот?

XS
SM
MD
LG