Достапни линкови

Прво издание на „Самерленд 2019“


Фестивал „Самерленд 2019“
Фестивал „Самерленд 2019“

Вечерва во Градски Парк Скопје започнува првиот фестивал „Самерленд 2019“, кој ќе трае до 28 јули, а посетителите ќе можат секојдневно да уживаат во музичка програма и забавни активности за сите возрасти.

Фестивалот е под покровителство на Град Скопје, а градоначалникот Петре Шилегов изјави дека го организираат поради доброто искуство со „Винтерленд“. Шилегов смета дека „Самерленд 2019“ за скопјани ќе биде пријатно место каде што ќе може да го поминуваат своето слободно време, да се дружат, рекреираат и изрази надеж дека оваа манифестација ќе стане традиционална.

Фестивал „Самерленд 2019“
Фестивал „Самерленд 2019“

Забавната програма на „Самерленд“ ќе се одвива секојдневно од 18 до 00:30 часот. Отворањето ќе биде вечер во 22 часот со групата „Нокаут“.

Покрај музичките изведувачи кои ќе настапуваат секој ден, во рамки на фестивалот ќе има и „Fun“ зона со друштвени и видео игри, флипери, фудбалчиња и табла. За најмладите ќе има детско катче со едукативни и забавни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено и уште многу содржини…

XS
SM
MD
LG