Достапни линкови

Мицкоски му порачал на Жбогар дека Владата нема капацитет за реформи


Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на средбата со амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар разговарал за актуелната политички ситуација, стратешките приоритети, како и за реформските процеси.

„Наш стратешки интерес и приоритет е членство во Европската унија. Но, изразуваме загриженост бидејќи имаме најслаб резултат во полето на реформите кои што се од суштинско значење за интегрирање на државата во ЕУ, затоа што оваа влада нема капацитет да ги спроведе потребните реформи“, порачал Мицкоски на средбата.

На средбата присуствувал и секретарот за меѓународна соработка на партијата, Тимчо Муцунски.

XS
SM
MD
LG