Достапни линкови

Средношколците со тројка положија државна матура


Министерот за образование и наука Арбер Адеми

Министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната прес-конференција во Владата информираш дека просечната оценка од полагањето на државна матура за оваа година е 3,47 и е повисока од минатата година кога бројката изнесувала 3,42.

„Резултатите се добри и покажуваат напредок во однос на изминатите учебни години, односно учениците кои го полагаат тестот на зрелост покажуваат подобри резултати од минатите генерации“, соопшти Адеми.

Според него, поединечно и кај повеќето предмети има подобрување во постигањето на учениците во однос на изминатите години, а кај помал дел има намалување или стагнација.

Оваа година Државна матура полагаа 15.553 ученици од кои 7.692 од гимназиско и 7.604 од стручно образование, како и 257 ученици од средно уметничко образование.

XS
SM
MD
LG