Достапни линкови

Трамп вети „шоу за паметење“ за прославата на Денот на независноста


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп вети „шоу за паметење“ за прославата на Денот на независноста во Вашингтон.

„Нашата прослава за 4 јули пред Меморијалниот центар Линкол ќе биде многу голема. Ќе биде шоу за паметење“, напиша Трамп на Твитер.

Прославата ќе започне со парада, по која ќе следи говор на Трамп. Последниот претседател кој говорел на одбележувањето на 4 јули е Хари Труман пред седумдесет години на одбележувањето на 175 годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност.

XS
SM
MD
LG