Достапни линкови

СЈО ќе поднесе жалба за пресудата за „Тревник“


Едно од рочиштата за случајот „Тревник“ во декември, 2017 година

Обвинителката Елизабета Јосифовска од СЈО денеска најави дека ќе поднесе жалба за пресудата, со која што судот ги ослободи од вина Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан, кои беа обвинети за бесправна градба во случајот „Тревник“.

„Во секој случај ќе поднесеме жалба. Тука нема дилема, бидејќи јас стојам на ставот дека обвинението беше издржано, поткрепени со доволно докази и во секој случај жалба ќе следи. Ќе се произнесеме, се надевам дека писмено изработената пресуда ќе даде и дополнителни причини од кои се раководел Судот. Во секој случај за нас како Обвинителство, сметам дека обвинението е основано“, истакна Јосифовска.

Запрашана за тоа дека судијката констатирала оти не постои кривично дело, обвинителката порача дека ќе се произнесат со писмена жалба.

XS
SM
MD
LG