Достапни линкови

Трамп до Иран: „Претпазливо со заканите“


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на најавата на Иран дека наскоро ќе го пречекори максимумот на збогатен ураниум, наведувајќи дека таквите закани можат да му се вратат на Техеран. „Претпазливо со заканите Иран“, напиша Трамп на Твитер. Деновиве Меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека Иран има резерви на слабо збогатен ураниум кои се поголеми од предвиденото со нуклеарната спогодба со светските сили од 2015 година. Трамп во минатата година ја напушти оваа спогодба.

XS
SM
MD
LG