Достапни линкови

Продолжува самитот на Западен Балкан во Познањ


лидерите на земјите од Западен Балкан во Берлин

Шесттиот самит на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес продолжува во полскиот град Познањ со состаноци на министрите за економија, надворешни и внатрешни прашања на земјите учеснички, како и со многубројни панели. Во фокусот на состаноците ќе бидат регионалната соработка, поврзувањето и растот на економијата во регионот. Централниот настан на самитот, состанокот на шефовите на државите или владите на земјите учеснички ќе се одржи утре. Покрај Северна Македонија, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, на самитот учествуваат и партнерите од ЕУ, Германија, Франција, Италија, Австрија, Словенија, Хрватска, Грција, Бугарија, Британија и домаќинот Полска. Берлинскиот процес е дипломатска иницијатива која во 2014 година ја покрена германската канцеларка Ангела Меркел.

XS
SM
MD
LG