Достапни линкови

Загинатите руски морнари ќе добијат државни награди


Рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шоигу на средба вчера по несреќата

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу денеска изјави дека морнарите кои загинаа во пожар на подморница ќе бидат номинирани за државни награди. Тој говорејќи во Североморск, базата на северната флота истакна дека некои членови на екипажот и еден цивил ја преживеале несреќата. Шоигу не кажа конкретно колку лица биле спасени.

Рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Шоигу да се упати кон Североморск за да ги идентификува причините за трагедијата.

XS
SM
MD
LG