Достапни линкови

Заев: НАТО ќе има позитивни ефекти за безбедноста и просперитетот


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека земјата ќе се приклучи на НАТО до декември на самитот во Лондон на кој ќе се одбележи 70 годишнината на Алијансата. Тој порача дека земјата е сериозна во намерата да биде достојна членка и да оди во чекор со најновите и најсовремени безбедносни системи. Според него, ако Република Северна Македонија стане 30 членка на Алијансата, тоа ќе биде добра порака за политиките на отворени врати за другите земји кои имаат ваква инспирација.

„Интеграцијата во НАТО ќе има огромни позитивни ефекти за безбедноста и просперитетот како на нашата земја, така и на поширокиот регион. Почетокот на овој процес веќе дава резултати и на економски план, со над 700 милиони долари странски инвестиции и уверен сум дека вистинските перспективи за Северна Македонија и за регионот допрва доаѓаат“, рече Заев на денешната презентацијата на „Дигитализација на системот за менаџирање на кризи“ во организација на Центарот за управување со кризи и НАТО.

Тој информира дека дваесетина земји членки на НАТО веќе го ратификувале протоколот за пристапување и најави дека во уште неколку држави во тек е процедурата за ратификација.

XS
SM
MD
LG