Достапни линкови

Путин нареди истрага по несреќата во руската подморница


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин оцени синоќа дека претставува огромна загуба смртта на 14 руски морнари во пожарот кој избувнал во една подморница на руската војска и додаде дека наредил истрага. Министерството за одбрана соопшти дека пожарот избувнал додека подморницата изведувала тестови во рсуките територијални води. Подморницата сега се наоѓала во арктичкото пристаниште Севроморск, главна база на северната руска флота.

XS
SM
MD
LG