Достапни линкови

Албанија и Косово со заеднички дипломатски претставништва


Тирана, Албанија, поглед на центарот на градот

На меѓународната сцена Албанија и Косово ќе имаат заеднички дипломатски претставништа. Спогодбата потпишана во Тирана од шефовите на дипломатиите Генц Цакај и Беџет Пацоли предвидува отпочнување активности за отворање заеднички амбасади и конзуларни претставништва. Во спогодбата зацртана е и заедничката стратегија во областа на надворешната политика. Спогодбата, според двајцата министри, отвора ново поглавје во областа на надворешната политика меѓу Албанија и Косово.

XS
SM
MD
LG