Достапни линкови

М-НАВ ги демантира обвинувањата за можен судaр на два авиона


илустрација

Од дозволената сепарација од осум километри хоризонтално, двата авиона споменувани на телевизија Сител и во неколку портали, се доближиле на шест километри што претставува далеку од каква било можност за судир, се истакнува во соопштението на М-НАВ АД Скопје во кое најостро се демантираат обвинувањата дека во мај годинава бил можен судир на два авиона над македонското небо. Од М-НАВ појаснуваат дека секоја пријава за намалено растојание меѓу воздухоплови на минимално пропишаните норми, се класифицира според европските норми и тие се пријавуваат од страна на контролорите на летање на посебни формулари, што е во согласност со позитивната домашна законска регулатива и европска пракса во воздухопловството.

XS
SM
MD
LG