Достапни линкови

Во Познањ самит на земјите од Западен Балкан


состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан во Берлин, 29.04.2019.

Од денеска до 5 јули во полскиот град Познањ се одржува состанок на Берлински процес и земјите од Западен Балкан, Тоа е иницијатива што ја поддржува регионална соработка на Западен Балкан и ја дополнува политика на проширување на Европската унија. Во процесот се шест партнери од Западен Балкан, Европската комисија, одделни земји на ЕУ, меѓународни финансиски институции, меѓународни и регионални организации. Полска се приклучи на процесот во 2018 година, а во 2019 година го предводи тој процес. Претходните самити се одржаа во Виена, Париз, Трст и Лондон. Берлинскиот процес е покренат од страна на германската Влада во 2014 година. На годинашната конференција, како што претходно беше најавено, ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел. Предвидена е и заедничка прес-конференција на премиерите на Полска, Матеуш Моравијецки, на Северна Македонија, Зоран Заев, на Бугарија, Бојко Борисов и на германската канцеларка Ангела Меркел.

XS
SM
MD
LG