Достапни линкови

Харадинај до Вучиќ: Не применувајте го вашето измамничко сценарио во северно Косово


Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај упатил порака до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со „хуманитарната криза“ на северот. Во пораката, постирана на неговиот Твитер профил, Харадинај побарал од Вучиќ, како што напишал, „да не се обидува да го реализира неговото измамничко сценарио за дестабилизирање на северот на Косово“, објавија локалните медиуми.

„Драг Александар Вучиќ, ве повикувам да не го спроведувате вашето добро познато измамничко сценарио за да го дестабилизирате северот на Косово. Лажната „хуманитарна криза” нема да служи никогаш како штит за твоите цели за дестабилизација и вие ќе бидете одговорен“, напишал Харадинај на Твитер.

XS
SM
MD
LG