Достапни линкови

Пендаровски - Мисироли: Членството во НАТО е заокружување на стратешка определба


Претседателот Стево Пендаровски денеска имал средба со помошникот-генерален секретар на НАТО за новите безбедносни предизвици Антонио Мисироли, на која било разговарано за успешната соработка меѓу нашата држава и НАТО, за тековните заеднички проекти како и за напредокот на реформите во одбраната и безбедноста.

Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата подвлекол дека со полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, ќе биде заокружена една од стратешките определби на нашата држава и главниот кохезивен фактор на нашето мултиетничко демократско општество.

XS
SM
MD
LG