Достапни линкови

МААЕ: Иран ја надминал границата на збогатен ураниум


Иранското знаме пред седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена

Светските сили го повикаа Техеран да се придржува кон нуклеарниот договор од 2015 година откако Иран соопшти дека ги зголемил залихите на збогатен ураниум. Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека нејзините инспектори утврдиле дека границата од 300 килограми на збогатен ураниум е надмината.

Иран во мај најави дека ќе го зголеми производството на збогатен ураниум како резултат на санкциите воведени од САД, кои се повлекоа од договорот во минатата година. Францускиот претседател Емануел Макрон, чија земја е потписник на договорот го повика Иран да ги намалат залихите на збогатен ураниум и да се воздржат од други мерки кои може да ги нарушат обврските од нуклеарниот договор. Британија соопшти дека размислува за наредните чекори.

XS
SM
MD
LG