Достапни линкови

Со македонски пасош без визи може да се патува во 123 земји во светот


Со македонски пасош, кој е рангиран на 46 место, без визи може да се посетат 123 земји во светот, покажува извештајот за 2019 година на швајцарската консултантска компанија „Хенли енд партнерс“. Најдобро позиционирана земја во регионот е Грција на шестото место и со нејзин пасош без визи може да се оди во 183 држави.

Најмоќни пасоши имаат Јапонија и Сингапур, и со нив може да се патува без виза во 189 земји во светот. Во една земја помалку можат да патуваат Германците, Финците и државјаните на Јужна Кореја.

XS
SM
MD
LG