Достапни линкови

Мировен самит за Авганистан по бомбашкиот напад во земјата


Бомбашкиот напад во Кабул

Мировен самит за Авганистан ќе се одржи на 7 и 8 јули во Катар на кој наводно нема да учествува авганистанската влада. Самитот беше најавен по обидите на преговарачите на САД и на талибанците да постигнат договор за условите за мирно решавање на конфликтот и по бомбашкиот напад во Кабул, за кој одговорност преземаа милитантите. Во нападот загинаа најмалку 6 лица, а беа повредени 105, при што 5 милитанти беа убиениво престрелката со безбедносните сили.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека нападот бил варварски чин и ги повика талибанците да прекинат со нападите на цивили. Но, додаде дека САД остануваат посветени на мировниот процес. Германија ќе биде коспонзор на самитот, според Маркус Потцел, кој е специјален претставник на земјата за Пакистан и Авганистан.

XS
SM
MD
LG