Достапни линкови

Меркел повика на компромис за да се постигне договор за клучните позиции во ЕУ


Германската канцеларка Aнгела Меркел

Германската канцеларка Aнгела Меркел изјави денеска дека сите ќе треба да направат компромис за да се постигне договор за највисоките позиции во ЕУ.

"Секој мора да сфати дека треба малку да ја помести својата позиција. Ова им го кажувам на сите. Тогаш ќе има шанса да се постигне договор. Тоа е духот со кој одам да работам- ведра и одлучна", рече Меркел при пристигнувањето на самитот во Брисел.

Лидерите на ЕУ по два дена неуспешни разговори ќе се обидат денеска да постигнат согласност за тоа кој ќе ја предводи ЕУ во наредниот период.

XS
SM
MD
LG