Достапни линкови

ЕУ го повика Иран да го почитува нуклеарниот договор


шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини

Европската унија го повика Иран да го почитува нуклеарниот договор од 2015 година откако Техеран го пречекори дозволеното количество на слабо збогатен ураниум. Од кабинетот на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини е соопштено дека ЕУ го повика Иран да го повлече направениот потег и да се воздржи од натамошни мерки кои го поткопуваат договорот. ЕУ има проблеми да го одржи во живот овој договор, една година откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од него и воведе санкции врз Иран.

XS
SM
MD
LG