Достапни линкови

Хонг Конг: Полицијата ги растерува демонстрантите од парламентот


Демонстрантите влегоа во зградата на парламентот во Хонг Конг

Голем број полицајци пристигнаа во главната владина зграда во Хонгконг, откако илјадници демонстранти насилно влегоа во парламентот за време на одбележувањето годишнината од враќањето на поранешната британска колонија на Кина.

Полицијата употреби пендреци и солзавец за да ги растера демонстрантите на улиците.

Ова се случува во услови на тензии во Хонг Конг поради предложениот закон со кој ќе им се дозволи на притворените лица да бидат екстрадирани во Кина.

Претходно денеска полицијата се судри со демонстрантите кои ја блокираа улицата во близина на церемонијата за одбележување на годишнината. Владата го суспендираше предложеното законско решение на неодредено време, но протестите поради нацрт-законот за екстрадиција, продолжуваат.

Про-демократските проте се одржуваат секоја година за да се одбележи предавањето од британското во кинеското владеење.

XS
SM
MD
LG