Достапни линкови

Украински војник загинал во напад на медицинско возило во Доњецк


Украински војник. Илустрација

Украинските власти соопштија дека еден војник загинал кога проруските сепаратисти отвориле оган кон медицинско возило во источниот регион Доњецк. Според нив, еден војник и еден воен лекар се повредени во нападот.

Тие наведуваат и дека нападите врз воени медицински возила и персонал се забранети со меѓународните договори. Проруските сепаратисти до Доњецк соопштија дека еден од нивните борци бил убиен, а друг повреден во напад на украинските сили.

XS
SM
MD
LG