Достапни линкови

Северна Кореја: средбата меѓу Трамп и Ким е историска


Ким Џонг Ун и Доналд Трамп во демилитаризираната зона

Официјалната севернокрејска новинска агенција ја оцени вчерашната средба меѓу Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп како „историска“ и „неверојатна“. Во денешниот коментар се наведува дека двајцата лидери се согласиле да го продолжат „продуктивниот дијалог за постигнување нови пробиви кон денуклеаризација на Корејскиот полуостров“. Трамп и Ким се сретнаа во демилитаризираната зона која ги одвојува двете Кореи, по што Трамп накратко влезе на територијата на Северна Кореја. Со тоа тој стана прв американски претседател кој стапна во Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG