Достапни линкови

Баша: Албанците шокирани од нереагирањето на меѓународните претставници


Претседателот на Демократската партија Љуљзим Баша

Претседателот на Демократската партија Љуљзим Баша, во интервју за Ал Џезира, зборувајќи за политичката ситуација во земјата и за локалните избори, оцени дека албанските граѓани биле шокирани од неангажираноста на меѓународните претставници за поврзаноста на премиерот Еди Рама со организираниот криминал. Тој исто така рече дека актуелната ситуација во земјата е опасна и може да доведе до граѓански немири. „Ова е многу опасна ситуација што потенцијално води до граѓански немири, социјални немири, доколку нема јасна осуда на фарсата која веќе се случила“, вели Баша.

XS
SM
MD
LG