Достапни линкови

Тензичен изборен процес во Албанија


Избори во Албанија.

Централната изборна комисија во Албанија соопшти дека на локалните избори кои се одржуваат денеска, до 11 часот гласале 12 отсто од гласачаите. Во присуство на голем број полициски сили, Албанија денеска избира градоначалници во 61 општина.

Овие избори се одржуваат во несекојдневни услови со оглед дека гласањето го бојкотира главната опозициска партија и дека претседателот на Албанија Илир Мета претходно ги поништи.

Додека опозицијата најави дека нема да дозволи одржување на изборите и повика на бојкот, премиерот Еди Рама ги повика сите на гласање, а на мирен и траанспарентен изборен процес на 30 јуни повикаа и САД.

Еден ден претходно, лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша побара од граѓаните да се дистанцираат од насилство.

XS
SM
MD
LG