Достапни линкови

Трамп и Ким се сретнаа во демилитаризираната зона


Лидерот на Северна Кореја оди со претседателот на САД Доналд Трамп северно од демилитаризираната зона кој ги разделува двете Кореи.

Американскиот претседал Доналд Трамп застана на севернокорејска почва, откако се сретна со лидерот на Пјонгјанг Ким Џонг Ун во демилитаризираната зона (ДМЗ) која го дели полуостровот.

Двајцата лидери се ракуваа околу линијата за демаркација меѓу двете Кореи, а Трамп со неколку чекори влезе во територија на Северна Кореја со што стана прв претседател на САД кој тоа го направил.

По уште едно ракување, Трамп и Ким пред заедно да влезат на територија на Јужна Кореја им се придружи и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

„Ова е одличен ден за светот и чест ми е да бидам овде“, рече Трамп: „многу големи работи се случуваат.“

Ким му рече на Трамп дека влегувањето во Северна Кореја „е многу храбар и решителен акт.“

Трамп и Ким се сретнаа два пати на самити од висок профил, како дел од напорите на САД да го убедат Пјонјанг да се откаже од нуклеарното оружје. Но, мал напредок беше направен околу денуклеаризацијата.

XS
SM
MD
LG