Достапни линкови

Анкета - Нова демократија може сама да формира влада по изборите


Кирјакос Мицотакис, лидерот на Нова демократија

Меѓу 155 и 163 пратенички места ќе освои Нова демократија, бројка што е доволна за да формира еднопартиска влада, односно ги добива неопходните 151 пратеник, според трите сценарија што произлегуваат од истражувањето на агенцијата за рејтинг ΜRB спроведено за денешното издание на весникот „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Сценаријата се во однос на тоа дали пет, шест или седум партии влегуваат во Парламентот, односно како се делат пратеничките места што се вкупно 300. И во трите случаи, без разлика дали составот на Парламентот ќе биде петпартиски, шестпартиски или седумпартиски, проценките се дека Нова демократија ќе може сама, без коалициски партнер или партнери да формира влада.

Во однос на рејтингот на партиите, Нова демократија води со 7,6 отсто разлика пред СИРИЗА, а распоредот на силите е следен:

Нова демократија 32,3%

СИРИЗА 24,7%

Движење на промена 6,9%

Комунистичка партија 4,3%

Златна зора 3,2%

Грчко решение 3,1%

МЕРА 25 2,9%

Како и на сите досега објавени истражувања на јавното мислење, така и на последното, на прашањето „кој е најсоодветен за премиер“, лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис е во водство со 35,9 проценти, наспроти актуелниот претседател на грчката влада Алексис Ципрас кој добива 29 отсто. „Ниту еден од двајцата“ одговориле 30,3 отсто од анкетираните.

Истражувањето на агенцијата за рејтинг ΜRB за весникот „Та неа“ било спроведено од 24 до 26 јуни, а биле анкетирани 1014 лица.

XS
SM
MD
LG