Достапни линкови

Меркел се откажала од Манфред Вебер за шеф на Европската комисија


Манфред Вебер

Германската канцеларка Ангела Меркел дефинитивно прифати дека нејзиниот земјак Манфред Вебер нема да биде нов претседател на Европската комисија, по разговорите на европските лидери на Самитот Г20 во Осака, пренесува германскиот весник Велт ам зонтаг.

Меркел уште во средата навести дека може да се откаже од Вебер, на чие именување се противи Франција, за европските институции да може нормално да работат.

Вебер беше кандидат на Европската народна партија(ЕПП).

Весникот наведува дека преостанати кандидати за нов шеф на Европската комисија се социјалдемократскиот кандидат Франс Тимерманс и некои членови на ЕПП, а се споменуваат и имињата на европскиот преговарач за Брегзит, Мишел Барние, шефицата на Светската банка, Кристалина Георгиева и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Именувањата на клучните позиции во ЕУ би требало да бидат завршени на утрешниот вонреден самит во Брисел.

XS
SM
MD
LG