Достапни линкови

Отворен ден на воената вежба „Одлучен удар“


Архива: Подготовки за воената вежба „Одлучен удар“ на која учествуваат АРМ и НАТО-партнерите.

Присутните ќе проследат повеќе активности, како: демонстрација на боречки вештини, извлекување со хеликоптер со користење на техника „Грозд“, алпинистички вештини при евакуација на повредени цивили од висококатница во изведба на припадници на полкот за специјални операции, како и прелет на хеликоптери.

Ова се дел од планиранираните активности на воената вежба „Одлучен удар“ кои денеска ќе се одржат пред Домот на културата во Битола, во реализацијата на отворениот ден за граѓаните, на кој ќе се прикажат дел од средствата, опремата и вежбовните активности кои се изведуваат на оваа најголема воена вежба досега организирана во Република Северна Македонија.

Aктивноста, како што е најавено од Министерството за одбрана, ќе ја проследат претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, вршителката на должност, амбасадорка на САД, Микаела Швајцер-Блум, градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, генерали од армијата и претставници од амбасадата на САД.

XS
SM
MD
LG