Достапни линкови

Трамп и Ердоган не постигнаа напредок во спорот со ситемот С-400


Архива: Претседателот на САД Доналд Трамп и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на САД Доналд Трамп се сретна со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, за да побара од него да не продолжи со купувањето на рускиот напреден систем земја-воздух С-400.

Кога двајцата лидери се сретнаа денеска на маргините на самитот Г20 во Осака, Јапонија, Трамп му рече на Ердоган дека предложената набавка е проблем.

„Не е добро“, рече Трамп. „Не е добро.“

Трапм исто така ова прашање го опиша како „слоено.“

Вашингтон исто така најави дека ако членката на НАТО Турција не го откаже договорот за С-400 до 31 јули, Анкара ќе биде блокирана за купување на следната генерација воени авиони Ф-35. САД ја повика Турција да го купи американскиот ракетен систем „Патриот.“

Сепак претходно Ердоган се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Тој на рускиот лидер му рече дека договорот за системот С-400 е од „примарна важност.“ Тој не даде никакви индикации дека Анкара го преиспитува купувањето.

На средбата со Трамп, Ердоган рече „нашето стратешко партнерство бара солидарност во многу области.

XS
SM
MD
LG