Достапни линкови

Судот одреди притвор за Јанакиески и седуммина осомничени


Судија на претходна постапка им одреди мерка притвор од 30 дена на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и седуммина осомничени во предметот познат во јавноста како Шпански скали. Од Основниот суд Скопје 1 вечерва информираат дека за две осомничени е одредена мерка за претпазливост додека за останатите осомничени е одредена мерка притвор од 30 дена.

„Судот смета дека се исполнети условите од член 165 став 1, точка 1 и 2 задел од обвинетите и точка 1, 2 и 3 за другиот дел од обвинетите, односно опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да се повтори делото“, се вели во соопштението.

Меѓу приведените се и Димитар Димовски, вработен во министерството за транспорт и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на партијатаво Аеродром. Тие се осомничени за злопотреба на службена должност со што како што тврди обвинителството е оштетен буџетот од 2, 6 милиони евра. Станува збор за малверзација со државно земјиште од над 26 илјади метри квадратни во центарот на Скопје.

XS
SM
MD
LG