Достапни линкови

Димитров: Фокусирани сме на октомври


„Фокусирани сме на октомври. Покажавме европски однос кон регионот, кон соседството, градиме мостови. Дома имаме неверојатен демократски пресврт во изминатите две години. Мислам дека сме апсолутно подготвени да го почнеме пристапниот процес. Не сме подготвени за членство, меѓутоа сакаме процесот да го користиме како алатка да станеме вистинска европска демократија“, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Софија на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Организацијата за црноморска економска соработка.

Тој истакна дека е оптимист и оти нема друга алтернатива освен европскиот пат. Доколку земјата не добие датум за пристапни преговори, според Димитров, би се испратила лоша порака во целиот регион дека можеби не вреди да се инвестира политички капитал во европски компромиси и да се работи фокусирано на реформите.

Тој денеска во Софија се сретна и со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева со која, како што изјави, разговарале и за имплементацијата на Договорот за добрососедство. Најави нова средба со министерката Захариева следната недела во Полска, каде ќе се одржи Самит во рамки на Берлинскиот процес од каде, како што рече, ќе чуеме убава вест во однос на тоа кој ќе биде домаќин на следниот Самит.

XS
SM
MD
LG