Достапни линкови

Мета ги предупреди граѓаните да не потпаѓаат на провокации во недела


Илир Мета

Албанскиот претседател Илир Мета упати апел до граѓаните на неговата земја да ја зачуваат смиреноста и да не потпаѓаат на провокации „за време на изборите на социјалистите“. Според Мета, граѓаните треба да останат смирени и разумни и да не потпаѓаат на какви било провокации, бидејќи тоа ќе биде во прилог на оние кои сакаат да го легитимираат целосното заложништво во коe ја држат земјата и да инсталираат еднопартиски режим.

Тој нагласи дека на нелегалните избори социјалистите сами ќе гласаат и сами ќе бројат, додавајќи дека „сите Албанци заедно, на демократски начин, тајно, слободно и фер ќе избираат на 13 октомври“. Претседателот Мета, откако на 8 јуни со указ ги одложи локалните избори, кои претходно ги закажа за 30 јуни, вчера потпиша нов указ со кој истите ги презакажа за 13 октомври.

Премерот Еди Рама му порача дека избори ќе има на 30 јуни и продолжи со изборните актвности, што ги завршува вечерва со митинг во Валона.

XS
SM
MD
LG