Достапни линкови

ЕУ повика да не се попречува изборниот процес во Албанија


Парламентарните избори во Албанија во 2017 година

Делегацијата на Европската унија ги повика политичките партии во Албанија да не го попречуваат гласањето на локалните избори, да покажат воздржаност и да се откажат од провокативната реторика.

„Имајќи го предвид одржувањето на локални избори на 30 јуни 2019 година, неопходно е на граѓаните да им се овозможи да го остварат нивното граѓанско право. Директна одговорност на сите политички партии е да обезбедат гласањето да не се попречува“, стои во денешната изјава на делегацијата на ЕУ во Тирана.

Од делегацијата на ЕУ наведуваат дека „секоја насилна акција или каква било форма на поттикнување насилство е апсолутно неприфатлива во никакви околности” и дека изборите ќе бидат следени од страна на ОБСЕ / ОДИХР. Воедно ги повикуваат партиите да се вратат на дијалогот што е можно поскоро за надминување на актуелната политичка ситуација.

XS
SM
MD
LG