Достапни линкови

Џафери: Уште 9 земји за ратификација на протоколот за НАТО, постпаките во тек


Претседателот на Собранието, Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната средба со новинарите истакна дека уште девет земји не го ратификувале протоколот за членство на државата во НАТО. Тој додаде и дека според информациите со кои располага во сите земји постапките за ратификација се во тек.

Џафери очекува сите потапки за ратификација да завршат на есен. Државите кои треба да го ратификуваат протоколот се Луксембург, Исланд, Велика Британија, Шпанија, САД, Италија, Холандија, Франција и Турција.

XS
SM
MD
LG