Достапни линкови

Шекеринска: Одлуката на ЕУ за одлагањето на датумот не е „најдобрата политика“


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за европскиот веб портал Еурактив порачува дека одлагањето на одлуката за почеток на преговори со Северна Македонија не е „најдобрата политика“ со оглед на напорите вложени од македонска страна.

„ЕУ министрите одлучија да се навратат на прашањето за неколку месеци. Она што беше едногласно изразено е дека нема реален аргумент за одбивање почеток на пристапни преговори со Северна Македонија“, изјавува Шекеринска.

Според неа, земјата успеала да испорача, но за жал сега се доцни во испорачувањето од страна на ЕУ. Таа додава и дека трите месеци одлагање нема да ги сменат работите и земјата ќе продолжи да испорачува, но, потенцира, дека во прашање е кредибилитетот на ЕУ како глобален и регионален актер.

XS
SM
MD
LG