Достапни линкови

Трамп и Путин се согласиле да работат на подобрување на односите


Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се согласиле да работат на подобрување на односите меѓу двете земји на состанокот на маргините на самитот Г20 во Осака, Јапонија.

Трамп пред состанокот беше запрашан дали на него ќе стане збор за руското мешање во претседателските избори. Трамп одговори „секако“, што беше проследено со чудна насмевка од Путин. Трамп потоа му порача на Путин „да не се меша во изборите“ покажувајќи со прст кон него.

XS
SM
MD
LG