Достапни линкови

Во Осака средба меѓу Трамп и Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, Хелсинки, 16.07.2018.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за прв пат по една година. Трамп и Путин, според советникот на рускиот претседател Јури Ушаков, ќе разговараат околу еден час за време на самитот на Г20 во Осака, Јапонија. Трамп ја откажа средбата со Путин која беше планирана за време на самитот на Г20 во Аргентина во ноември лани откако Русија зароби два украински брода и нивниот екипаж во близина на Крим.

XS
SM
MD
LG