Достапни линкови

Србија отвори ново поглавје во преговорите со ЕУ


Србија денеска го отвори деветтото поглавје од преговорите со ЕУ кое се однесува на финансиските услуги. На денешната меѓувладина конференција Србија- ЕУ во Брисел го потпиша и делот од ИПА фондот со кој како претпристапна помош и се доделуваат на Србија дополнителни 179,1 милиони евра неповратни средства кои ќе треба да ги потроши за развојни проекти.

„Не губиме чекор ниту здив во пристапниот процес. Не сите вести од регионот се сјајни кога се во прашање пристапниот процес и политиката на проширување. Мислам дека Србија не може да биде незадоволна“, изјави српската министерка за евроинтеграција, Јадранка Јоксимовиќ по потпишувањето на договорот за ИПА.

Јоксимовиќ нагласи дека отворањето на ова поглавје ќе придонесе кон натамошно обезбедување на сигурен и ефикасен финансиски систем во земјата. Србија во досегашните преговори со ЕУ има отворено 16 од 32 поглавја, од кои затворила две поглавја.

XS
SM
MD
LG