Достапни линкови

Промената на пол ќе биде на товар на ФЗО


Венко Филипче

Промена на пол на товар на Фондот за здравствено осигурување ќе се прави на скопските клиники, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче на регионалната конференција за правата на ЛГБТ. Според пресметките на ФЗОМ, овие операции чинат околу 15 илјади евра.

Тој вели дека на располагање ќе биде врвен српски хирург, кој како уролог ќе биде ангажиран на Клиниката за детска хирургија каде ќе врши комплексни оперативни процедури за што пациентите претходно ги праќале во странство, а кој од претходно е ангажиран како визитинг професор на Медицинскиот факултет.

XS
SM
MD
LG