Достапни линкови

САД му соопштиле на НАТО дека не сакаат војна со Иран


Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер им соопштил на НАТО сојузниците дека САД не сакаат војна со Иран, соопштија дипломати присутни на министерскиот состанок на НАТО. Но, според Еспер, САД нема да толерираат идни инциденти со Иран.

Еспер по средбата зад затворени врати бил предупреден од Франција да не го инволвира НАТО во ниту една воена мисија на Заливот. Франција заедно со Британија и Германија се залага за зачувување на нуклеарниот договор со Иран.

XS
SM
MD
LG