Достапни линкови

Парламентот во Киргистан го одзема имунитетот на експретседателот Атамбаев


Алмазбек Атамбаев

Киргистанските пратеници го поддржаа одземањето на имунитетот на поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев кој се соочува со обвиненија за корупција, злоупотребата на службената должност и незаконското збогатување. За предлогот гласаа 103 пратеници, а 6 беа против.

Атамбаев изјави дека поседува оружје за да се заштити себеси во случај на негово апсење. Тој претходно ги отфрли сите обвиненија против него и го обвини неговиот наследник Соронабај Јиенбеков за "беззаконие".

XS
SM
MD
LG