Достапни линкови

Протест на „Шепасти ентузијасти“


Здружение на граѓани, наречено „Шепасти ентузијасти“ денеска ќе одржат втор протест против насилство врз животни.

„Поради неконтролираното труење низ целата територија на Република Северна Македонија, а никаква реакција од надлежните повикуваме на револуција која нема да вклучува насилство, туку силно ќе покаже дека навистина ни е преку глава да ја гледаме агонијата на бездомните животни!“, стои во најавата за протестот.

Тие бараат од институциите да ги применуваат законите што ги заштитуваат правата на животните, а и да преземат одговорност за непостапување во службена должност.

Дел од нивните барања се Министерството за внатрешни работи веднаш да излезе на терен да собере докази и по службена должност да ги достави на испитување во одделот за криминалистичка техника и судска медицина. Потоа, судска медицина да изврши аутопсии, а обвинителството да покрене обвинителен акт.

Дополнително, бараат здружен инспекциски надзор од Агенцијата за храна и ветеринарство и Инспекторат за земјоделство (во чија надлежност е контрола на промет на опасни супстанци), како и Државниот инспекторат за животна средина кој требало да констатира опасност по животната средина, Инспекторат за здравство кој требало да констатира опасност по здравјето и безбедноста на граѓаните.

Исто така, тие бараат инспекторатите да достават соодветни решенија до МВР за лица кои набавиле такви супстанци во скоро време и/или да ги казни аптеките и да им изрече времена забрана за вршење дејност ако тие супстанци ги издале без соодветни процедури.

Протестот започнува од 18 часот пред Собранието и ќе продолжи кон Влада.

XS
SM
MD
LG