Достапни линкови

Унгарскиот Суд одлучува за екстрадиција на Груевски


Македонските власти засега не можат да ја потврдат информацијата дека денеска Судот во Унгарија одлучувал за екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски кој избега во Будимпешта во ноември минатата година, како што објавија унгарски медиуми. Од Министерството за правда за РСЕ рекоа дека тие би добиле информација доколку постои некаква одлука на Судот во Будимпешта како барател за негова екстрадиција.

Медиумите во Унгарија објавија фотографии и видео од Груевски во судот, каде тој во судницата седи со наочари за сонце и капа.

Груевски откако беше осуден на двегодишна затворска казна за предметот на СЈО, „Тенк“ пребега и доби азил во Унгарија.

Јавното обвинителство го обвини Груевски дека ги организирал насилствата на 27-ми април во Собранието, а Министерството за правда ја испрати до унгарските власти новата екстрадиција и за овој предмет.

XS
SM
MD
LG