Достапни линкови

Европски и американски дипломати на средба за Иран во Париз


Специјалниот претставник на САД за Иран, Брајан Хук

Специјалниот претставник на САД за Иран, Брајан Хук е на средба со дипломати од Иран, Франција, Германија и Британија во Париз. Средбата доаѓа за време на напорите на европските земји за зачувување на нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили.

Европските потписници на договорот сакаат да избегнат натамошна ескалација на тензиите меѓу САД и Иран и се обидуваат да го убедат Техеран да не се повлекува од договорот, откако тоа го направија САД во минатата година. Амбасадорот на Иран во ОН ги повика Британија, Франција и Германија да преземат навремени практични чекори за зачувување на договорот.

XS
SM
MD
LG