Достапни линкови

Шефицата на хрватската дипломатија нов генерален секретар на СЕ


Хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ-Буриќ

Хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ-Буриќ синоќа е избрана за нов генерален секретар на Советот на Европа. Таа доби 159 гласа, а нејзиниот противкандидат, холандскиот министер за надворешни работи Дидие Рејндерс – 105. По објавувањето на резултатите од гласањето, Пејчиновиќ-Буриќ изјави дека „посебно внимание ќе им посвети на прашањата на дискриминација на жените и децата“. Пејчиновиќ-Буриќ е втора жена што ќе ја извршува оваа највисока функција на Советот на Европа.

XS
SM
MD
LG