Достапни линкови

Мета апелира „за враќање на Албанија во нормала“


Албанскиот претседател Илир Мета

Албанскиот претседател Илир Мета упати апел до политичките партии во Албанија да започнат дијалог со цел надминување на кризата и зачувување на европските вредности кон кои тежнее земјата „Под итно да се свртат кон дијалог и Албанија да се врати во нормала со почитување на правната држава“, рече Мета, додавајќи дека секое сценарио за конфликт ќе ја оддалечи Албанија од европските вредности и оти секој внатрешен или надворешен актер кој се обидува да ја втурне земјата во конфликт, ќе сноси одговорност пред албанскиот народ. Тврдењата на Мета за вмешаност на „надворешни актери“ кои се обидуваат да ја втурнат земјата во конфликт, ги отфрли албанскиот премиер Еди Рама, велејќи дека не постои таква опасност, туку дека „за сите тензии што може да бидат предизвикани, одговорна е албанската опозиција“.

XS
SM
MD
LG