Достапни линкови

Борисов: Очекувам Бугарија и Северна Македонија да ги задржат добрите односи


бугарскиот премиер Бојко Борисов

„Очекувам Бугарија и Република Северна Македонија да ги задржат добрите соседски односи“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на Пловдивскиот економски форум. Борисов изрази надеж дека на претстојната средба на земјите од Берлинскиот процес, што ќе се одржи во Познањ, ќе биде донесено решение Република Северна Македонија и Бугарија да бидат заеднички домаќини на следниот собир во овој формат. „Историски ние сме војувале со сите соседи, како резултат на тоа регионот на Балканот заостана. Сега ги сменивме работите. Се надевам дека ќе ги надминеме сите потешкотии“, изјави Борисов.

XS
SM
MD
LG